Екс градоначалникот на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески, кој важи за еден од најдобрите специјалисти ортопеди, одново е работно ангажиран во Одделението за ортопедија и трауматологија, дознава Маркукуле.
Ова е одлична вест не само за прилепчани, туку и за сите жители на околните општини и населени места, со оглед дека ова одделение носи огромен терет во болницата.
Јовчески беше градоначалник на општина Прилеп во периодот од 2021 до октомври 2025година.
























