Во саботата во Велес се одржа традиционалниот пингпонгарски Новогодишен турнир Гемиџии-Велес.На турнирот учество зеде и пингпонгарот на Младост96 Александар Рикалоски во сениорска конкуренција.Рикалоски стигна до самиот крај односно играше финале но истото го загуби со 3-0 од искусниот и одличен играч на Работнички Сашо Стојановски.Ова е огромен успех за Рикалоски бидеќи финалето е во сениорска кожнкуренција.Во групата беше прв со три победи,во 1/4 финалето подобар беше од младинскиот првак а сега веќе сениор Петар Костовски од УГД Штип со 3-2 во сетови.Во полуфиналето совладан беше Ангелов од ППК Борец Велес со 3-1.Годината за Рикалоски беше одлична и се надева дека во наредната година ќе постигнува уште подобри резултати како на домашна така и на меѓународна сцена.