Прилепчанецот Сашо Башески, кој минатата сезона победи на популарното балканско шоу “Никогаш не е доцна” го промовираше својот нов музички запис.
Станува збор за преработка на песната „Еј мори Маре“, која е придружена со видео спот, кој е снимен во Прилеп.
-Огромно е задоволството да се соработува со еден од најдобрите машки вокали во Македонија но голема е и одговорноста да се направи обработка на македонска народна песна а да не се поместат границите на културното наследство! Се надевам дека ќе ужувате во нашето музичко парче кое Сашо Башески извонредно го интерпретира, напиша на својот профил на Фесбук, музичарот Мендо Ташкоски кој стои зад аранжманот на песната.
Проектот е во продукција на WOW MUSIC, на хармоника настапува Мендо Ташкоски, на кларинет Димитар Настески, на гитара Марјан Стоименов, а видео материјалот го снимија Димитар Спиркоски и Даниел Бошкоски.
Уживајте во продолжение: