Доколку сакате да направите пица на малку поразличен начин, имаме одлична идеја за вас.
Оваа здрава пица од тиквички е неверојатна нискокалорична алтернатива на класичната пица.
Потребни состојки: eдна тиквичка, маслиново масло, 5 лажици доматно пире, 3 супени лажици со ситно сецкани пиперки, моцарела, оригано.
Подготовка: загрејте ја рерната на 220 степени. Исечете ги тиквичките на тркалезни парчиња, намачкајте ги со маслиново масло, додадете сол и оставете ги 5 минути да се печат на хартија за печење. Извадете ги тиквичките од рерна и на нив ставете го доматното пире и моцарелата. Ставете ги повторно во рерна додека моцарелата не се растопи.