Оддржана Бизнис презентација пред Македонски бизнисмени во Мелбурн

1

Во организација на Генералниот конзулат, беше одржана Бизнис презентација пред Македонски бизнисмени во Мелбурн. На презенатацијата беше присутна и бизнис делегацијата од Република Македонија, предводена од градоначалникот на Прилеп г-дин Марјан Ристески кој ги поздрави присутните и презентирајќи им ги сите инвестициски поволности кои РМ и градот Прилеп ги нудат за влез на нови странски инвестиции.
Покрај обраќањето на градоначалникот Марјан Ристески свои обраќања имаа: Генералниот конзулат во Австралија г-ѓа Бети Коруновска, г-дин Ристо Најдоски – Директор на Регионална стопанска комора Прилеп и г-дин Сашко Самарџиоски – Извршен директор на „Прилепска Пиварница“. На презентирањето присуствуваа околу 50 МК бизнисмени, а некои од нив беа придружувани од нивни АУС партнери. Се говореше за идентификација на можности, каде компаниите ќе може да ги препознаат своите специфични интереси, се образложија ресурсите со кои РМ и градот Прилеп располагаат, економските зони, како и пазарите кои би им биле достапни на сите потенцијални инвеститори, посочија од кабинетот на Генералниот Конзулат (ГК).
Во делот на прашања и креирање заеднички идеи за инвестирање во Македонија, присутните ставиле акцент на стабилноста на политиките на земјата и заштита на нивните потенцијални инвестиции на подолг рок.

2

3

4

5

6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.