Одделението за внатрешни работи Прилеп доби нов началник

Усогласени се ставовите на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната министерка Славјанка Петровска за началниците и нивните дополнителни заменици во секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, но не и за началникот на СВР Скопје.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, назначи 12 раководители и 12 дополнителни заменици раководители.

Трајче Георгиоски е именуван за началник на Одделението за внатрешни работи Прилеп во СВР-Битола, а за негов заменик е именуван Игор Каравилоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.