Под мотото „Детски права во свет без предрасуди“ од денеска до петок низ неколку градови во Македонија ќе бидат организирани повеќе настани во рамки на Неделата на детето.
По тој повод во градинката Тризла денеска беше одбележан денот со мала приредба на дечињата кои престојуваат во овој објект. НВО „Ромска солза“, која е партнер во реализирањето на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишните установи во РМ“ им подели материјали за работа кои им се потребни на децата Роми кои се вклучени во овој проект.
Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.