Под мотото „Џудо за светот“ Македонија, Џудо федарацијата на Македонија, македонските џудо клубови, џудисти, тренери и спортски работници шеста година по ред ќе го одбележат светскиот Ден на џудото, 28 октомври.
Годинашниот фокус на прославата на светскиот Ден на чудото кој се чествува во чест на роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано е насочен кон темата „Џудо за сите“ која заедно со претходните теми „Обединетост“ (Unity), „Чест“ (Honour), „Упорност“ (Perseverance), „Џудо за сите“ (Judo for all) и „Почит“ (Respect) означува дел од принципите на џудото.
Денес, повеќе од 20 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираат џудо. Интернационалната џудо федерација брои повеќе од 200 национални федерации и пет континентални сојузи.
Светскиот ден на џудото има за цел да ги покаже спортските вредности, но и да докаже дека џудото е повеќе од спорт. Џудото е образовна алатка која може да им помогне на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат еден со друг. Целта е да се зголеми бројот на џудисти во целиот свет и да се помогне да се промени животот на луѓето со користење на моќта на џудо.