Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и со услови за ретки грмежи не очекува до крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 14 до 19 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, oсобено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер.
Од УХМР информираат дека од четврток се очекува стабилно и потопло време. Ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност , а дневната температура ќе биде во благ пораст.