Според предвидениот план и програма за учениците од проектна активност по природни науки-хемија во учебната 2024/25 год учениците од III 6 и 7 клас при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп на 13.03.2025 год. беа во посета на хемиската лабораторија во ПИ Витаминка-Прилеп каде директорката за контрола на квалитетот на производи Натали Петреска заедно со стручните лица вработени во лабораторијата, ги запозна учениците со целта, формите и методите на испитување.
Воедно учениците имаа можност да бидат запознати и да учествуваат во сензорска анализа, темперирање, вискозност, гранулација и рефрактометрија на некои од производите од ПИ Витаминка, да дегустираат дел од производите и да прашаат се што ги интересира поврзано со анализите и технолошкиот процес во компанијата со што беа поттикнати на поголем интерес за хемијата не само како наставен предмет туку како избор за понатамошно образование и професија.
Организатор и раководител на оваа посета беше предметниот проф.Ружа Ангелеска