Од утре Регулаторна комисија ќе не “израдува” со нови цени за гopивата

Утре напладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноч.

Минатата недела цената на бензините се зголеми за еден денар по литар, а дизел горивата поскапеа за половина денар. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продаваат по 71,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,509 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 1,601 отсто и кај дизелот за 0,766 отсто, како и за 1,005 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.