Протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија доби големи размери. Протестите во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Прилеп и Струга ќе почнат во 18 часот, а во Куманово во 14 часот.
Се бара укинување на одлуката за поскапување на електричната енергија од 7.4%, распуштање на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.
-Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја укине одлуката за поскапување на електричната енергија за 7.4 отсто и да ја намали цената за потрошувачите за 46 отсто. Владата да го намали ДДВ од 18 во 5 отсто, да го елиминира монополот на компанијата ЕВН со укинување на договорот со цел да и се стави крај на нивното некоректно и нечовечко однесување. Да се национализира дистрибутивната мрежа и да создаде олеснителни политики за простување на долгот на социјалните случаи, вели Кренар Османи, пренесе ТВ21.
И Конфедерацијата на независните синдикати во Македонија како организатори повика за масивно присуство на протестот.
Во Прилеп протестот ќе се одржи со почеток од 18:00 часот, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.
Во Скопје протестот ќе почне од паркот во Чаир и Жена Парк и ќе се маршира до пред Влада. Во Тетово маршот ќе почне од кружниот тек кај поранешен Монопол, кај „Мемоја„ и кај градинката на населба „Поток“ и ќе заврши кај плоштад Илирија.
Во Куманово, протестот ќе почне од објектот на општината и ќе заврши пред ЕВН, и во Дебар протестот ќе почне пред објектот на општината и ќе се маршира до седиштето на ЕВН. Во Кичево ќе се протестира во градскиот плоштад.
Ова е втор протест. Првиот протест се организираше во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.