Од утре пocкапyвање на цените на лековите

Уште поголемо поскапување на цените на лековите се очекува од утре, 1 март.

Здружението на фармацевти најави зголемување на цените на некои лекови, кои се издаваат без рецепт.

Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти, во изјавата за тв Алсат, потврдил дека вакви најави добиле од фармацевтските компании, дека особено од 1-ви март ќе дојде до поскапување на лековите, но не и за лековите кои се на позитивната листа или се земаат со лекарски рецепт.

-Имаме официјална информација од компаниите дека поскапување, особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо, а нема најава за лековите од позитивната листа и другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Поплаки има и од граѓаните. Тие се во право, има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат, вели за телевизијата Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти.

Во една ваква ситуација, многу граѓани не можат да си дозволат да ги купат потребните лекарства.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.