Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од минус десет до минус три, а дневната температура од минус четири до два степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе достигне до нула степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат во благ пораст. Претпладне по одделни котлини е можна појава на ретка магла.