Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува претежно југоисточен ветер, а во североисточните делови ветерот ќе биде од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од четири до осум степени.
Од вторник облачноста ќе се намалува, а потоа ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе почне да се зголемува. Утринските температури најпрво ќе опаѓаат, најстудено ќе биде наутро во вторник и во среда, а потоа ќе бидат во благ пораст. Во средината на неделата ќе дува северен ветер кој во среда долж повардарието повремено ќе засилува.