Од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај” разочарани: Лидери сме во женското борење во Македонија, а ни дадоја никаков ваучер

Реакциите на распределабата на ваучерите од страна на Агенцијата за млади и спорт не стивнуваат. По Дејан Геогргиевски и Боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп е незадоволен од распределбата на ваучерите, иако 2 години е шампион во женска конкуренција.

„7 Мај“ имаше учеснички на Балканското првенство, Ангела Трајкоска, и Медитеранското првенство игри, Барбара Стојкоска, доби многу помалку средства преку ваучер за клуб, а за индивидуални спортисти воопшто не добија ваучери

„Годинава имаме ваучер од 150.000 денари, а лани имавме 270.000 денари. За индивидуални спортисти годинава не добивме никаков ваучер“, вели секретарот на 7 Мај, Душко Стојаноски, додавајќи дека поднеле документација за две борачки, Барбара и Ангела, како учеснички на Балканско и на Медитеранско.

„Иако сме предводници во Македонија во женското борење, со најмногу женски борачки, ако клубот во машка конкуренција добил ваучер на 650.000 денари, не може клубот што е прв во женска конкуренција да добие само 150.000. Во секој случај, ова е дискриминација“, истакнува Стојаноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.