Од први јануари, канцеларии на МЗШВ во Кривогаштани

Од први јануари 2016 година ќе профукнкционира канцеларијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кривогаштани за земјоделците од овој крај побрзо да ги решаваат проблемите, најави заменик-министерот Ванчо Костадиновски на попладневната средба со земјоделците во Кривогаштани.

vane-kostadinovski-press

– На барање на земјоделците, од 1-ви јануари ќе биде отворена Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кривогаштани. Целта е побрзо да им се излезе во пресрет, за издавање евидентни листови за тутунарите, но и за другите потреби, порача Костадиновски.
Информира и дека откупот на тутунот се одвива во најдобар ред, а проценката е реална.
– Почнатиот откуп на тутунот ни дава за право да сметаме дека има реална процена на тутунот и од Владата останува ветената субвенција. Во изминатите години за тутунарите од Кривогаштанско се исплатени преку 3,5 милиони евра, а годинава ќе бидат исплатени околу 50 милиони евра. На ниво на Македонија за сите тутунари има субвенции од 23 милиони евра зашто реколтата се проценува на околу 23 000 тони, рече Костадиновски.
На барање на земјоделците од селото Славеј за користење под закуп државно земјоделско земјиште, од ова село досега до Министерството аплицирале 90 земјоделци кои ќе склучат и договори. – Јавниот повик е во завршна фаза. Апликантите ќе склучат договори за користење земјоделското земјиште и ќе може да бидат корисници на Програмата за рурален развој, истакна Костадиновски.
– Во речиси 10 години откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт, за македонските земјоделци се исплатени околу 700 милиони евра субвенции. Државата ги поддржува земјоделците и во инфраструктурата, за предавање на родот во преработувачките капацитети и во подобрувањето на нивниот животен стандард, подвлече заменик-министерот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.