Прилепчани ја продолжија традицијата на собири во своите маала околу коледарските огнови. Со вкусна посна трпеза, греана ракија, вино и многу музика и оро, синоќа се празнуваше Коледе, речиси секаде низ градот.
Сите маала почнувајќи имаа свои огнови, а прилепчани се дружеа околу нив. Коледарите имаа пријатни временски услови, па затоа ги имаше и во толку голем број околу огновите.
Додека румената ракија ја подгреваше атмосферата, се приготвуваше вкусна риба и посното гравче.
Им посакуваме на сите коледари во Прилеп традицијата да им трае уште многу годни, добро здравје и уште поголемо расположение догодина.