ВИДЕО: ОД ЗАБАВА ДО ПРОФЕСИЈА: Од играње видео игри заработува како министер !

video-igri

Тоа што го започнал како забава во компјутерницата на неговиот татко, денес за Никола стана и “професија”. Можеби ви звучи неверојатно некој да заработува од видео игри, но на  ова 19 годишно момче тоа му тргн ало од рака.

Популарната игра “Counter Strike” му станала главен извор на заработка. Не сакал да каже колку точно заработува, но додал дека нема потреба повеќе да бара пари од родителите.

“Предобра работа, неможев да го замислам ова. Играм од прилика околу 6 саати во денот. Тоа време го поминувам со екипата. Но исто така играм сам 2 до 3 саати бидеќи сакам индивидуално да напредувам”.

Никола всушност е професионален играч. Моментално игра со еден германски тим кој освојува награди ширум во светот. На последниот турнир одржан во Атланта пред дв а месеци, се закитија со бронза.

“Јас само играв и сакав да напредувам во секој меч, во секоја рунда. Секогаш гледам само напред и тоа е тоа. Следниот турнир е во Лондон. На тој турнир ќе учествуваат 4 екипи а наградата е 100.000 долари. Се надевам дека ќе го освоиме тој турнир”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.