Македонија претходно издаде 7 еврообврзници.
Македонија се задолжува за нови 700 милиони евра. Министерството за финансии ја издаде осмата еврообврзница. За неа ќе платиме камата од 1.625% . Најголем дел од овие средства, 500 милиони евра ќе ги искористиме за да раздолжиме стара еврообврзница, а 200 милиони евра е ново задолжување што практично значи дека од денеска секој граѓанин на Македонија се задолжува за дополнителни 100 евра. Овие пари владата ќе ги користи за да го покрие буџетскиот дефицит.