Законот за студентски стандард денеска претрпува измени. Во тој контекст, а согласно на предизборните ветувања за бранителите од 2001-ва од страна на СДСМ, редно е нешто оваа Влада да направи за нив.
Но, за жал и овој пат по се изгледа ќе останат само ветувања, празни зборови како и за сите проекти од нивната програма. Шансата да се поправат е денеска, но благодарение на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои предлагаат со амандман децата на бранителите и на социјалните категории да добиваат 50% од стипендиите.
Ова ќе значи огромна помош за родителите бранители, кои имаат деца студенти. Резултатот за оваа иницијатива ќе се знае уште денес.