Од 1 јули ќе се воведат различни тарифи на електрична енергија

Најавуваните примени со воведување различни тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија се воведуваат од 1 јули, најави премиерот Димитар Ковачевски, објаснувајќи ги мерките за намалување на последиците од енергетската криза.

Се прават калкулации за воведување нова методологија, за утврдување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, кои се на регулираниот пазар на електрична енергија, што се менува од 1 јули, со тоа што ефектите ќе бидат дополнително утврдени, нагласи Ковачевски.

Премиерот сепак не објасни до колку киловати ќе значи плаќање по пониската тарифа, туку дека со оваа методологија се оневозможува злоупотреба на електричната енергија.

Оние што ги злоупотребиле броилата за домаќинствата за вршење некакви активности или злоупотреба на електричната енергија на пример, за копање криптовалути, ќе плаќаат повисока цена во согласност со потрошувачката и со тоа енергијата што ја добиваат нема да може да биде субвенционирана од државата или да биде дел од пресметката од цената што ја плаќаат сите граѓани, објасни Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.