На бензинските пумпи во Бугарија се создадоа огромни редици. Причина е гласина за поскапување на горивата од утре. Во Софија колоните се од 20-30 автомобили. Огромни редици има и на бензинските пумпи низ северозападна Бугарија од Видин до Враца.
Возачите велат дека чекаат во редици за гориво поради огромниот скок на цените за тој ден и гласините дека наскоро нема да има гориво на бензинските пумпи.
Повторно денеска со спонтан протест беше затворен меѓународниот пат Е 79 кај Враца. Но, тоа траеше само четврт час, бидејќи полициските патроли го ослободија движењето на колоните.
Незадоволството го предизвикува постојаното поскапување на горивата, кои на места во регионот денеска надминаа и 3 лева за литар. (околу 90 денари)
Луѓето се организираа за само 2 часа на социјалните мрежи и се собираа на делницата меѓу Враца и Мездра. Тие го блокираа патот во двата правци и на тој начин го изразија своето незадоволство од она што се случува. Возачите се заканија дека ќе се соберат на протест и утре.
Видеото погледнете го ТУКА