По 54-ти пат, во организација на Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија, викендов во Домот на култура „Тошо Арсов“ во општина Виница, се одржа Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија.
Фестивалот претставува традиционална манифестација, а право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории, кои се занимаваат со филмска дејност.
На 54. ДФНФ 2025 година се натпреваруваа филмови во 5 категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм, кои се бореа за златен, сребрен и бронзен медал.
На натпреварот веќе традиционално, учество зедоја Марјан Беџо и Никола Димески од Прилеп, кои уште еднаш ги докажаа своите квалитети, освојувајќи 4 награди.
Ова е огромен успех за двајцата прилепчани, кои идната година ќе ја претставуваат Македонија на Интернационалниот филмски фестивал во Швајцарија.
Да им го честитаме успехот и да им посакаме уште поголеми достигнувања во иднина!