Огромен пожар попладнево избувна во непосредна близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце.
Пожарот неконтролирано се прошири на поголема површина, а облакот од чад е видлив од целиот град.
Од ЈКП Комуналец Прилеп апелираат до граѓаните:
“Огромен пожар избувна до манастирот Св,, Димитрија,, во Селце. Комуналци веќе се на терен на гаснење на пожарот, тргнуваат и дополнителни работници.Се е ангажирано од претпријатието на гаснење на пожарот. Молба до граѓаните, секој што може да помогне да се упати кон Селце”