Две непознати маскирани лица ноќеска околу 03 часот по полноќ извршиле разбојништво на бензинска пумпа во прилепската населба Варош.
Како што соопшти полицијата, разбојниците со закана со нож, од двајца вработени побарале пари, по што ги затвориле во тоалетот. Потоа од работното биро го одзеле дневниот промет и побегнале од местото на настанот.
Полициската станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.