Централниот регистар на Република Македонија објави оглас за вработување на 34 лица, од кои две за РЕГИОНАЛНАТА РЕГИСТРАЦИОНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ПРИЛЕП.
Отворени се места за еден референт и еден советник.
За работното место Советник освновната плата изнесува 35,978 денари, а за референт 23,991 денар.
Огласите се објавени на 09.08.2018, а се активни до 12.08.2018 година.
Според огласот објавен на Агенцијата за вработување, за работното место Референт потребно е средно гимназиско образование, додека за Советник се бара високо образование од областа на економските науки.