Овчарот од село Пухче и понуди брак на водителката Спенџарска – сака да ја направи домаќинка

Марјан Трајчев од село Пухче, Штип пред неколку години стана познат на јавноста откако се јави во “Канал 5” да побара помош за љубовниот живот.

Сака на неговата идна избраничка да ѝ купи се што ќе посака, нема ништо да и недостасува, единствен услов е да биде домаќинка. Тој чува 300 овци и е вреден човек.

Сепак и по неколку години тој и понатаму е без жена, но неговата потрага не е завршена и не се откажува. Доказ за тоа е што сега преку „Фејсбук“ предложи брак на водителката Јелна Спенџарска, која своевремено го интервјуираше.

Јелена, имам некој јак осет дека ваа година свадба ќе правеш сигурно, а кој ке биде среќнико нека биде ама ваа година е твојта година, време ти е Јеленче не ти мислам лошо.

Озбилно, сестра ти помала од тебе ожени се, и ти ќе се оженеш, хахаха ќе биде по мое, куќа ќе гледаш, деца, ќе чуваш, доста ти е шетање, ќе бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка.

Милена е помала од тебе, ама како се ожени коку и е поубав живото“, вели Марјан а во продолжение може да ја прочитате целата понуда:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.