Можеби кучето е најдобар пријател на човекот, но еден турист од Унгарија ќе требало да помине ледена ноќ на планина ако не била мачката која му помогнала да се врати назад во мотелот.
Тој за време на качувањето по планината го повредил зглобот на ногата. Патот кој водел назад до мотелот веќе не се гледал, а тој останал сам и изгубен на Алпите.
Во тој момент пред него се појавила црно-бела мачка.
“Мачката се вртеше околу мене додека одмарав, а потоа почна да ме води по пат кој ме врати назад во долината”.
Откако унгарецот го постави видеото на социјалните мрежи, се појавија и дузина други коментари од туристи и скијачи со слично искуство.
Како и да е, мачката херој стана и огромна ѕвезда преку ноќ.