Вилијам Маилис има само 9 години, заврши средно школо, а сега веќе оди и на факултет.
Тој моментално работи на докажување на својата теорија како е настанат универзумот и сака да стане астрофизичар.
Овој мал генијалец од Пенсилванија рече дека сака на сите да им докаже дека Бог постои. Тој тоа ќе го направи така што на сите ќе им покаже дека универзумот можел да настане само со помош на виша сила.
“На само 6 месеци тој веќе можеше да ги препознава броевите, а веќе на 7 месеци говореше течно. На две години научи да пишува, чита и да помножува, на 4 години научи да говори грчки јазик а на 5 години научи геометрија”, изјавија неговите родители.
Ова 9 годишно момче оди и на факултет, а неговиот професор по историја вели дека забележал само една разлика помеѓу него и другите студенти:
“Вилијам е единствен студент кој што не запишува забелешки на предавањата”.
МАРКУКУЛЕ.МК