Дали е во прашање положбата на планетите која го одредила полето на успехот и на способноста, снаодливоста на раководна функција, не се знае, но два хороскопски знака дефинитивно се најдобри кога станува збор за шефовска позиција.
Тие се родени водачи, авторитети, а покрај тоа се и многу способни и знаат од своите работници да го извлечат максимумот. И тие имаат маани, но на патот до успехот не им пречат, па личностите родени во овие два зодијачки знаци обично се многу познати и успешни.
Најизразена карактеристика на водач во себе има авторитативниот Овен. Доблеста му е динамичноста, креативноста еланот но често му претставува проблем неговата тврдоглавост, промените во расположението и раздразливоста.
Припадниците од овој знак се многу јасни во своите барања, а иако ги поттикнуваат вработените да го даваат најдоброто од себе, тие со своите непромислени изјави може многу да ги понижат или повредат. За тие што се слични на нив им се одлични шефови, но на малку повлечените работници им се кошмар.
Поради својата доминантна природа Јарецот е роден за позиција на шеф! Сака ред, работа и дисциплина, така што ужива да ги обучува своите вработени. Нема страв од губење на позицијата, затоа што е уверен дека е незаменлив, што е дури и возможно поради неговите способности за работа.
Јарците се многу способни да го извлечат најдоброто од другите, како и да се изборат за подобра плата за сите, а мана им е тврдоглавоста и што се сигурни дека тие самите знаат сè најдобро.