Овие луѓе ќе го следат секој чекор на Хари и Меган

Принцот Хари и Меган Маркл можеби се повлекоа од кралскиот живот, но тоа не значи дека го напуштија кралското семејство.

Кога станува збор за нивната безбедност, тие веројатно ќе добијат исто ниво на дипломатска заштита како и било кој друг претставник на кралското семејство, без оглед на тоа “дали се или не активни членови”, вели Марк Стивенс од адвокатската фирма “Хауард Кенеди” од Лондон.

“Земете го на пример холандското кралско семејство, каде некои нивни членови работат- пример кралот е пилот во авио-компанија, тие и понатаму имаат дипломатски имунитет поради статусот кој го имаат”, вели Стивенс.

“Ист е случајот на Блискиот Исток- Саудиска Арабија или Кувајт. Тоа е сосема нормално. Хари и Меган не се исклучок”.

“Ако ги чуваат канадските или британските безбедносни служби, во обезбедувањето ќе бидат вклучени и тајни служби. Од друга страна ако ангажираат приватна фирма за обезбедување, тие немаат разузнавачи, а тие се неопходни за да обезбедат ефикасна заштита”, објаснува Стивенс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.