Комарците се многу здодевни, тешко се фаќаат, лесно влегуваат во домовите, создаваат оток, црвенило и непријатно чешање.
Според едно истражување, четири групи луѓе се магнет за комарците во лето.
Тука спаѓаат трудниците биидејќи издишуваат повеќе диоксид, а жените кои се пред породување во последните месеци, повеќе привлекуваат комарци.
Тука се и луѓето кои вежбале или имале физичка активност, бидејќи комарците намирисуваат пот и влага.
Луѓето кои пијат алкохол се на листата, како и оние со крвна група нулта.