Оваа голема европска метропола повеќе не сака туристи: “Под притисok сме, не сакаме да се претвориме во Венеција”

Амстердам, градот познат по голема толеранција и слобода, повеќе не е благонаклонет кон туристите.

Од холандската метропола им порачуваат на туристите да одат во другите градови во државата.

Иако на холандската економија туризмот придонесува со 82 милијарди евра, граѓаните се плашат дека нивниот град би можел да се претвори во Венеција.

Нервозните граѓани на Амстердам веќе некое време се жалат од преголемиот број туристи и се плашат дека бројот постојано ќе се зголемува, што би ја yништило душата на градот.

“Под голем притисок сме. Не сакаме да се претвориме во Венеција”, вели архитектот Елен ван Лун.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.