Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Женското бебе е родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.
-На родителите им посакуваме добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега. Упатуваме честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година, информираат од ГАК.