Ова се писмените гаранции за тутунарите: “А где ја печат?” (Фото)

После повеќечасовна дискусија, синоќа во општина Прилеп беше постигнат договор помеѓу претставниците на тутунарите, министерството за земјоделие и откупувачите.

Тутунарите добија одредени писмени гаранции на кои се потпишаа сите откупни компании, освен компанијата “Сокотаб” која откупува дури 7 милиони килограми тутун, од договорени 23 милииони.

Според она што е истакнато во изјавите после средбата, на која одново присуствуваше и министерот Аријанит Хоџа, тутунарите очекуваат овие гаранции да се почитуваат, во спротивно велат дека ќе се вратат на блокадите.

Со ова прекинуваат блокадите на патиштата, а ќе продолжат во понеделник пред откупните пунктови на комапнијата “Сокотаб”, се додека претставник од оваа компанија не се потпише на соопштението.

Она што стои во соопштението кое е потпишано е следно:

1. Непречено да се одвива линија на продажба на тутун.
2. Во последните два дена има подобрување на откупот, и сите откупувачи се согласуваат да продолжат да воспостават флексибилна линија со тоа што реално ќе се процени квалитетот на тутунот.
3. Секој ден министерот на МЗШВ ќе ја објави на транспарентен начин продадената количина на тутун и просечната цена.
4. На 75% од одкупениот тутун, заеднички ќе се состанеме и ќе изнајдеме решение за вишокот на тутун, за кој првично има согласност од откупувачите дека ќе биде откупен.

Според претставникот на Иницијативниот одбор на тутунарите, Игор Мирчески, проценката на преодните класи и меѓукласите ќе оди во погорна класа, а одбитокот ќе биде 5%.

За ова гарант бил самиот министер за земјоделие.

Останува да видиме во наредните денови дали сето ова ќе се почитува и дали тутунарите ќе бидат задоволни од проценката на нивниот труд и мака.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.