Серие А одамна не е на врвот на европскиот фудбал, па поради тоа тренерите во оваа лига имаат помали примања од оние во шпанската Примера, англиската Премиер лига па и германскта Бундеслига.
Според истражувањата на угледниот весник „Газета дело Спорт“ најплатен тренер во италијанската Серие А е Роберто Манчини (Интер) со годишна плата од 4 милиони евра. Следува Масимилијано Алегри (Јувентус) со 3,5 милиони, а трет е Руди Гарсија (Рома) со 2,8 милиони евра годишна плата.
Тренерот на Милан Синиша Михајловиќ е четврти на листата со годишна плата од 2 милиони евра, а интересно е тоа што „Росонерите“ се уште ги исплаќаат поранешните тренери Филипо Инзаги (1,5) и Кларенс Седорф (2,4) поради едностран раскин на договорот.
Во иста ситуација е и нивниот градски ривал Интер кој има обврски кон Валтер Мацари од 3,5 милиони евра годишно.
Над 1 милиони евра годишна плата имаат уште поранешниот тренер на Фиорентина Виченцо Монтела (1,4) и неговиот наследник Пауло Соуса.
Најмала плата во Серие А има тренерот на Емполи Марко Џампаоло и тоа 200.000 евра годишно.