Најздрави на светот се Шпанците, а потоа следат Италија, Исланд, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Австралија, Сингапур, Норвешка и Израел.
Според податоците на здравствениот индекс на Блумберг за 2019 година, од земјите во регионот најздрави се Словенците. Тие се 24-та најздрава нација на светот, додека Хрватска се наоѓа на 31-то место. Црна Гора е на 41 место, а следат БиХ и Албанија, Србија и Македонија се наоѓаат на 55-то и 56-то место.
Првите две места ги делат медитеранските држави Италија и Шпанија. За нив експертите веруваат дека до 2040 година ќе имаат просечен животен век од 87,5 години.