Ова се десетте „најскапи“ грешки во историјата

Многу луѓе низ историјата направиле огромни грешки кои биле со трагични последици по човештвото или, пак, ги чинеле невидено богатство.

Ви претставуваме некои од најлошите.

Одбивањето на Џ. К. Роулинг

Дваесет издавачки куќи го одбиле ракописот на Хари Потер, пред конечно да го прифати Блумсбери и тоа по препорака на осумгодишната ќерка на директорката.

Книгите подоцна биле преведени на 60 светски јазици и се проценува дека на Роулинг донеле богатство околу милијарда долари.

Фрлање на хард диск со биткоини

Џејмс Хаусел купил 7.500 биткоини во 2009 година кога нивната вредност била речиси непостоечка. Меѓутоа, до 2013 година еден биткоин вредел 613 фунти, што значи дека неговото богатство вредело 4,5 милиони. Единствен проблем е што тој хард дискот со биткоини го чувал во фиока со години, па потоа го фрлил без грижа на совест.

Кога сфатил што направил, отишол на локалната депонија надевајќи се дека ќе го најде дискот под наталожениот смет. Секако, тоа не му успеало.

Не го купиле Гугл за милион долари

Основачите на компанијата Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин на извршниот директор на Excite Џорџ Бел во 1999 година му рекле дека бараат купувач за интернет пребарувачот вреден милион долари. Тој пак не сакал да се пазари за нивниот производ. Денес нивната фирма вреди околу 355 милијарди долари.

Не го убил Хитлер

Британскиот војник Хенри Тенди кој бил еден од најодликуваните луѓе во Првата светска војна, во 1914 година наишол на повредениот и невооружениот командир Адолф Хитлер во еден ров, но наводно се одлучил да не го убие. Ова можеби не е најголема грешка во историјата, од едноставна причина бидејќи вистинитоста на приказната е многу сомнителна.

Продал 610.000 акции наместо една

Еден јапонски трговец ја чинел компанијата Мизухо Секјуритис 263 милиони евра, откако продал 610.000 нејзини акции за еден јен (0,0078 евра), наместо да продаде една акција за 610.000 јени како што требал да направи. Наспроти повеќекратните барања да ја откаже продажбата, Токиската берза ја одбила жалбата и компанијата морала да ги предаде акциите.

Рекол не на Џингис Кан

Џингис Кан, владетел на Монголоското царство сакал да отвори дипломатски и трговски врски преку Ала ад-Дин Мухамед, шах на соседното Хорезмијско царство (денешни Ирак и Иран), во текот на 13 век.

Меѓутоа, шахот ја одбил понудата и го обезглавил монголскиот емисар, поради што Кан се разгневил и испратил 200.000 војници во Хорезмија. Нивното царство било целосно уништено.

Ги одбиле Брајан Ектон и Јан Коума

Фејсбук ги одбил програмерите Брајан Ектон и Јан Коума на интервју за работа во 2009 година. Неколку години подоцна Фејсбук го купил WhatsApp, компанија која тие ја основале, за 19 милијарди долари.

Порачале прешироки возови

Француската државна железница СНФЦ потрошила 15 милијарди долари на нова флота на возови оваа година. За жал, тие биле прешироки за 1.300 станици во земјата. Таа грешка го оштети буџетот на државата за 50 милиони евра.

Потпишале договор со Брајан Пула и Тремелос

Продуцентската куќа Дека барала млади бендови во 1962 година на кои би им понудила снимање на албум. На аудицијата присуствувале две групи, од кои договорот бил понуден на Брајан Пула и Тремелос. Одбиена била групата од Ливерпул Битлси.

Погрешно напишано име на компанија

Поради само една буква, британската влада морала да плати 9 милиони фунти. Имено, над 250 милиони луѓе изгубиле работа, бидејќи во регистерот на компании, фирмата со традиција од 124 години Тејлор енд Сонс била погрешно напишана како Тејлор енд Сон, фирма која поднела барање за банкрот во 2009 година. 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.