Познатиот македонски пејач, Спасен Силјаноски, објави фотографија од далечната 1997 година, кога тој имал само 13 години
“Мечкин Камен ИЛИНДЕН 97′, а јас само 13 години. Мал, но задоен со љубов кон татковината. Првата песна што научив да ја пејам беше “Крушево абер пристигна”, а втората “Неплачи мајко нежали”. Првиот филм што го гледав заедно со татко ми беше “Македонска крвава свадба”, а вториот “Најдолгиот пат”. Некогаш постоеја искрени чувства, емоции жар и љубов кон татковината, сега само лажен патриотизам ? Дојде време да не смееш да си ја сакаш Татковината, да не смееш да кажеш дека си патриот. Бидеќи ќе те осудат и прогласат за луд, за нив е нормално да си ГЕЈ, ако си патриот тогаш си грешник….Епа еве јас сум најголемиот грешник и ќе продолжам да си ја сакам МАКЕДОНИЈА…Ќе продолжам да го кревам мојот глас против секој еден кој работи против националниот интерес без разлика дали и колку ќе изгубам од мојата кариера…Тоа не е повредно од Македонија, некогаш губеле животи и се гордееле со тоа. ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА”, напиша Силјановски на Фејсбук.