Добро е познато дека Европската Унија се наоѓа во една од најголемите кризи од нејзиното постоење. По популарниот “Brexit” и излегувањето на В.Британија се поголеми се гласините дека на унијата и се заканува распаѓање.
Унијата не е совршена. Барем не онака како што се претставува во јавноста. Незадоволството на државите членки е се поголемо, особено на оние помалите. Гласот на економски слабите држави нема никакво значење во унијата.
Хрватскиот политичар Иван Перван се охрабри и ја откри вистината за унијата која до сега се премолчуваше. Тој го открива “пеколот” што го поминуваат малите држави во ЕУ. Во својот говор тој зборува за тоа колку унијата “помага” за подобрување на економијата, вработеноста, отворениот пазар и прави компарација на предностите и мааните.
Погледнете и проценете. Вреди ли да се вложува ваков напор за да се стане член на ЕУ ?
Ф.Г.