Во единицата листата ќе ја предводат носителот на срамот со договорот со Грција Никола Димитров и Мила Царовскa.
Во двојката на чело ќе бидат актуелниот технички премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Листата во изборната единица 3 ќе ја предводат Љупчо Николовски и Јагода Шехпанска, а во изборната единица 4 Зоран Заев и кандидат од коалицијата.
На чело на петката ќе бидат Радмила Шекеринска и Јован Митревски, додека во шестката тоа ќе биде Билал Касами од колициониот партнер Беса, како и Фаница Николовска.
На листата се наоѓаат и пребегнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Зекир Рамчиловиќ и Панчо Минов.
Oд Прилеп единствен добитен кандидат за пратеник е Миле Талески кој се наоѓа на трето место во четвртата изборна единица.