Ова е Прилеп! Ова е Пиво Фест! Организација, забава, море од луѓе! ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ!

_DSC2942Markukule

Изминаа три фестивалски вечери на Пиво Фест 2016 или на најголемата и најмасовната фестивалска организација кај нас. Фестивалот на скарата и пивото и годинава на неговото 14-то издание понуди пред се многу забава, различни видови на пиво и превкусна скара.

Програмата на сцената направена по мерак за секаква публика и за љубители на различни жанрови на музика.

Организацијата феноменална!

Тоа го видовме пред одржувањето на втората фестивалска вечер, кога силното невреме донесе многу вода на просторот каде се одржува фестивалот. Екипите на комуналните претпријатија на градот со одлична координација од Локалната самоуправа, експресно се справија и во рок од еден час ја совладаа надојдената вода.

Колони и колони на автомобили кои пристигнуваат и денеска од сите краеви на државата, ветуваат и оваа вечер 100.000 публика и луда забава.

За големото финале на фестивалот вечерва ќе се погрижат: Александра Радович, Дејан Петрович Биг Бенд и Парни Ваљак.

Ваква беше атмосферата во градот под Марковите Кули изминатата вечер:

13694989_10208323275493931_1821889385_n _DSC2733Markukule _DSC2734Markukule _DSC2738Markukule _DSC2739Markukule _DSC2740Markukule _DSC2744Markukule _DSC2759Markukule _DSC2875Markukule _DSC2882Markukule _DSC2885Markukule _DSC2888Markukule _DSC2941Markukule _DSC2942Markukule _DSC2943Markukule _DSC2944Markukule 13689359_10208323274413904_1039539405_n 13689768_10208323275453930_179572534_n

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.