ОВА Е НАЈКРВАВОТО МЕСТО НА БАЛКАНОТ: Погледнете го тајниот логор на Тито, популарниот “ГОЛИ ОТОК” (ФОТО)

josip-broz-tito-goli-otok-620x350-620x330

На ова место се кријат многу мрачни тајни на режимот од Тито. На него се убивани сите оние кои размислувале поразлично. Погрешен збор, виц или насмевка се плаќале со глава.

Некогашната најголема тајна на Југославија, за која, како што се верува, знаеле само четири луѓе во врвот на СФРЈ – Голи оток, а на кој безмилосно се убивани и мачени противниците на комунистичкиот режим, денес е град на духови. Ова место е целосно запуштено, зградите се рушени и има по некој турист или некој од членовите на семејствата на луѓето кои ги оставиле животите таму.

goli-otok-8

Голи оток се простира на 4,7 квадратни километри, источно од Истра во Велебитскиот канал, меѓу островот Раб, Свети Гргур и Првич. Во Првата Светска Војна Австро- Унгарија на него чувала руски заробеници од Источниот фронт. После “судирот” на Тито со Сталин во 1948 година, на Голи оток се отвора затвор за политички злосторници, но имало и воени злосторници од Втора Светска Војна.

2

4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.