Ова е единствениот зачин кој го “заменува” вежбањето!

Теоретски, ништо не може да го замени т.е надомести вежбањето- освен куркумата. Доколку овој моќен зачин сè уште не сте го сместиле на Вашето дневно мени, можеби ќе го направите тоа откако ќе дознаете каков неверојатен ефект има на вашето здравје.

kurkuma3-640x426

Голем број медицински истражувања од неодамна утврдиле дека куркумата има извонредни кардиопротективни својства. Студија која била објавена во дневникот “Nutrition Research” открива дека куркумата, односно полифенолот во куркумата, има еднаков ефект во подобрувањето на васкуларните функции како и умерените аеробни вежби.

Во осумдневното истражување, учествувале исклучиво жени кои биле поделени во групи. Експертите пред почетокот на испитувањето утврдиле каква е состојбата на нивниот васкуларен состав, а најмногу се фокусирале на ендотелот- тенок слој клетки на површината на крвните садови кој е важен индикатор за артерискиот еластицитет и функциите на васкуларниот систем.

Едната група, секоја недела минимално 4 пати имала едноставен тренинг под стручен надзор додека испитаничките во другата група не вежбале, туку секој ден конзумирале 150 милиграми екстракт од куркума.

По завршувањето на испитувањето било забележано дека честото земање на куркума влијае исто како и вежбањето, односно го подобрува ендотелот.

Секако, експертите тврдат дека вежбањето и физичката активност не смеат да се заменат со “суплементи” од ваков вид, меѓутоа тие советуваат вклучување на куркума во исхраната.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.