Ова е диетата на хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, со која ослабна 10 килограми

Претседателката на Република Хрватска, до оваа диета се придружува веќе подолг временски период, а резултатите се и повеќе од видливи на нејзиното тело.

Станува збор за еден од најновите режими на исхрана во модерниот век, кој брзо се рашири низ светот. Тоа е липосукциска исхрана !

Таа за Хрватска „Глорија“ откри дека најтешко да се придржува до диетата и е за време на службените патувања. Диетата од претседателката се состои од три оброци дневно.

Во утринските часови, таа може да јаде само за сè, освен леб, јаде калорична храна за да издржи цел ден, па често јаде јајца и чварки за појадок. Во текот на денот, јаде салата. Последниот оброк околу 18 часот мора да биде лесен, а претседателката најчесто јаде пилешко и органски зеленчук за вечера.

Што е всушност липосукциска исхрана?

Липосукциска исхрана претставува медицински третман за симнување на вишок килограми и за која, нејзините автори тврдат дека е потполно нештетна по човековото здравје.

Како функционира липосукциската диета?

Липосукциската исхрана е базирана на активација на метаболизмот на мастите. Имено, аминокиселините имаат функција да му обезбедат на организмот енергија од метаболизмот на мастите и да активираат мобилизација и оксидација на мастите во ткивата и црниот дроб.

Креатор на оваа диета и мени е нутриционистот Кенан Мандра, кој планот на исхрана го направил врз база на протеинските потреби на организмот – според професорот Џорџ Блекберн.

Извор: “Магазин.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.