Познато е дека цената на нафтата падна под нулата, а верувале или не и овој настан беше предвиден од популарните “Симпсонови”.
Во една од епизодите на последната 31 сезона, Хомер се радува поради екстремно ниската цена на нафтата која од 1000 паѓа на 0 долари.
Ова не е единствениот настан кој го предвидоа Симпсонови. Во една од епизодите тие го предвидоа и избирањето на Доналд Трамп за претседател, епидемијата на eboла, како и настапот на Лејди Гага на “Super Bowl”.