Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од 28 август до 02 септември, во Прилеп ќе се одржи дванаесеттото издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.
Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.
Сега објавена е и целосната програма за фестивалот, која стартува со настап на врвниот мајстор Џенгис Ибрахим, кој на инструментот канон ќе изведе своја музика на локалитетот Врбјанска Чука кај прилепското село Славеј.
На 29. август во кафулето “Калинка” настапуваат “Next To Silence”, a програмата продолужува на 31. август со повеќе музички настапи на летната сцена во домот на културата “Марко Цепенков”.