Објавен новиот оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ

Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните на Република Македонија дека денеска е објавен новиот оглас за професионални војници во АРМ.

vojnici-arm

Процесот на селекција ќе се одвива во рамки на максимална транспарентност во процесот кој вклучува писмено тестирање (општообразовен тест и психолошки тест), проверка на физичката способност, интервју и здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана. Целта на сите тестови е да се продолжи со традиционалното ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

Ги повикуваме сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат кон безбедноста на својата татковина во заштита на нејзиниот територијален суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници кој е објавен во дневните весници во Република Македонија и на веб- страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk, велат од Министерството за одбрана.

Минатата 2015 година се заокружи процесот на прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.