Непотизмот во Република Македонија зема се поголем замав.
Покрај роднинските вработувања на централно ниво, непотизмот е пуштен на најјако и во локалните самоуправи.
Експлицитен пример претставува членот на Советот на Општина Прилеп, Жарко Северкоски – пишува порталот “Инфо Плус”.
Имено, најстарата ќерката на Жарко Северкоски, Ц.Б. вработена како наставничка во основното училиште во с. Обршани Општина Кривогаштани, а нејзиниот сопруг А.Б. е вработен како доктор во општина Македонски Брод – велат од “Инфо Плус”.
Најмалата ќерка В.С., матурантка во 2017 година, побрзал да ја вработи како секретарка на Градоначалникот на Општина Прилеп.
Покрај двете ќерки има уште една ќерка за која во прилепската чаршија на големо се зборува дека влегла во потесниот круг за вравотување во МВР, но тоа ќе се случи веднаш по завршувањето на претседателските избори – додаваат од порталот.
Целата сторија прочитајте ја ТУКА